Пребарувај
Последни коментари
-
Последни написи
Категории
Сите наслови
Веб дизајн
PDF to Flash
Posted in Uncategorized
Leave a comment
Заштитено: Совети за реферирање клиенти
Posted in Uncategorized
Внесете ја Вашата лозинка за преглед на коментарите.
Стани референт и заработувај од дома
Webpro нуди нова програма за реферирање на клиенти преку која можете да заработите и до 50 % од направениот приход.
Се што е потребно е да им испратите порака на пријатели кои сметате дека би биле заинтересирани за некој од нашите производи и да го вметнете линкот со вашиот референтен број.
Следењето на клиентот се врши преку “колаче” со трајност од 30 дена, и доколку клиентот купи некој производ во тоа време ќе се важи како ваша продажба.
Работата од дома ви нуди повеќе погодности, работете за себеси, немате потреба да патувате, немате стрес од работата и се разбира можете да работите колку што посакувате.
Оваа програма за реферирање ви нуди многу поволни услови, вие имате можност без никаква работа да заработите и до 50 % од приходот од клиентите што сте ги реферирале. Исто така, добивате процент не само од сегашната продажба туку и од сите наредни продажби (додека е наш клиент).
ТОА Е ЕДИНСТВЕНА програма во Македонија со толку поволни услови. Најголемиот дел референти добиваат само процент од сегашната продажба и покрај тоа што тие се намачиле да го донесат клиентот.
Затоа не чекајте многу, веднаш пријавете се и започнете да заработувате!
Posted in веб страна, интернет
Tagged Македонија, веб дизајн, високи заработки, доживотна заработка, изработка на веб страни, работа од дома, страна
1 Comment
Пријави се во Google (II)
Откако ќе се пријавите, потребно е да ја верифицирате веб страната. Постојат два начина за верификација: да снимите посебен фајл на веб серверот на кој се наога веб страната или да поставите одреден мета код.
После верификацијата, потребно е да направите мапа на сајтот во XML формат. На интернет постојат посебни генератори на мапи кои можат да ви помогнат многу. Најчесто употребуваниот е http://www.xml-sitemaps.com/ преку кој можете брзо и лесно да ја генерирате мапата на веб страната. Откако ќе ја генерирате потребно е да ја префрлите на веб серверот и откако ќе завршите, да ја внесете локацијата во “Webmaster Tools”.
Овде можете да ги погледнете статистиките за веб страната, кои фрази се најчесто употребувани за вашата веб страна итн.
Posted in веб дизајн, веб страна, интернет, компанија
Tagged Гугл, Компанија, веб, пребарувачи, страна
1 Comment
Пријави се во Google
За вашата веб страна да се пронајде во резултатите на некој пребарувач, потребно е да се пријавите во тој пребарувач, освен доколку е веќе поврзана со други веб страни кои се пријавени.
Пријавувањето на една веб страна во Google е прилично лесно и се одвива преку опцијата Webmaster Central. Од овде можете да го пријавите вашиот веб сајт за овој пребарувач.
Постапката за пријавување на веб страна е прилично долга за неискусните. Потребно е да се верифицира веб страната, потоа да се објави мапа на сајтот итн.
За сите тие проблеми ќе дискутираме во наредниот напис.
Posted in Пребарувачи, Пријава, веб страна, документи, иновација, интернет, компанија
Tagged Google, Гугл, Компанија, веб, пребарувачи, пријава, страна
Leave a comment
Глобална економска криза – рај за иновативните компании
Додека за поголемиот дел компании кризата носи пред се лоши работи како стеснување на пазарате, откажување на нарачките и се разбира се поретки клиенти, за мал дел иновативни компании кризата претставува можност да се покажат вистинските способности.
Според годишниот извештај на Блумберг, помеѓу 50 најиновативни компании се почесто се наоѓаат компании од источна Азија, односно Кореја и Кина. Од брзи возови до турбини на ветер Кина се повеќе им конкурира на С.А.Д. во нивото на технологијата.
Се разбира некои Американски компании како Ејпл и Гугл се наоѓаат на првото односно второто место. Еве уште неколку информации за Гугл, кој своите податоци ги објавува јавно на интернет, овде. Со нешто на 23 мијларди долари приходи за 2009 година, во споредба 21 и 16 во 2008 и 2007 година, овој интернет гигант не покажува никаква замореност од кризата. Напротив, доколку го погледнете буџетот за истражување и развој ќе забележете дека истиот е малку зголемен и покрај кризата.
Без разлика од која земја потекнува едно е сигурно, за иновативните компании нема криза, бидејќи тие сепак имаат доволно можности за развој. Останатите морат да ги кратат своите трошоци. Но колку е тоа ефективно на долг рок само времето ќе покаже.
Posted in иновативност, иновација, интернет, компанија
Tagged Гугл, Иновативност, Компанија, веб, пребарувачи
Leave a comment
Предности на Вордпрес
Вордпрес претставува блог платформа која е помеѓу најпопуларните платформи во светот. Еве неколку предности на Вордпрес:
- Сопствен домен. Вордпрес ви овозможува да се инсталира целиот веб сајт на свој домен.
-Додатоци. Со помош на додатоците Вордпрес може да го усовршите за да ги задоволи вашите потреби.
- Дизајн. Вордпрес овозможува менување на дизајнот и изгледот на блогот.
- Лесен за користење.
- Омилен кај пребарувачите. Вордпрес е прилично пријателски настроен кон пребарувачите, и испушќа сигнали до нив кога се додава нов напис.
За компании кои сакаат да го испробаат Вордпрес пријавете се овде за бесплатна промоција.
Posted in Вордпрес, бесплатна, бесплатна веб страна, веб дизајн, веб страна
Tagged Вордпрес, Македонија, бесплатна веб страна, веб, веб дизајн, изработка, интеракција, страна
Leave a comment
За добриот веб дизајнер корисникот е во центарот на вниманието
Веб дизајнерите одсекогаш имале право слободно да креираат сложени веб страни, користејќи ја најновата технологија, но сега кога веќе помина времето за експериментирање, трендот се движи кон креирање на едноставен дизајн на комерцијалните веб страни.
Терминот Веб 2.0 е користен да ја опише еволуцијата на трите аспекти на веб дизајн: Технологија, Визуелен дизајн и Содржина. Новите веб страни се насочуваат кон интеракција со корисникот и едноставност на вкупниот изглед. Пред 2000 година веб страните беа преполнети со скокачки реклами и тешка навигација, и беа користени како бизнис карта.
Денес, ние се наоѓаме во ерата на еволуцијата на Вебот, каде доброто веб искуство е резултат на заедничка соработка со презентацијата (визуелниот дизајн), интеракцијата (одговорите од корисниците), и организацијата (структурата на страната). Оваа фаза е позната како ера на корисноста. Веб страните кои пред некое време се сметаа дека се “кул” очигледно е дека не се повеќе. Сега, вниманието е свртено кон истражувањата кои велат дека, луѓето реагираат подобро на добро подредена содржина, со црни букви и бела или сива позадина. Црна позадина и бели букви или други комбинации се непожелни за човечкото око.
Едноставноста работи подобро бидејќи вниманието на човекот секојдневно се насочува кон иладници места на сите страни, и постојат безброј опции каде може да се сурфа на интернет. Содржината мора да компактна, лесна за разбирање и подредена така да посетителот е насочен кон секторот каде што постои интеракција (пополнување на форма, купување нешто, контакт). Со поедноставување на содржината се убиваат две муви со еден камен бидејки пребарувачи ќе го рангираат сајтот на повисоко ниво.
Posted in веб дизајн, веб страна, интернет
Tagged веб дизајн, веб дизајнер, изработка, интеракција, пребарувачи, страна
Leave a comment
Добродојдовте во светот на веб дизајнот
Веб дизајнот е вештина за креирање на презентации кои се појавуваат на интернет (www), користејќи веб клиент. Целта на веб дизајнот е да се креира веб страна која претставува збир од документи и фајлови кои се наогаат на некој веб сервер.
Веб страната може да има текстови, слики, звуци или други документи и можно е да биде интерактивна.
Posted in веб дизајн, веб страна, документи, интернет
Tagged Македонија, веб, веб дизајн, изработка, страна
Leave a comment
