Дигитален маркетинг.
Содржина и кампањи со јасна цел.
Побарај понуда ↗Meta реклами, инфографици и Reels за социјални мрежи, со SEO како дел од поширокото дигитално присуство. Ги усогласуваме пораката, публиката и следниот чекор што сакате да го направи посетителот.
Што планираме заедно
- Meta рекламни кампањи
- Инфографици за социјални мрежи
- Reels и кратки видео содржини
- Поврзување со веб страницата и SEO
Како започнуваме
Испратете опис на потребата, постоечки системи и посакуван рок. По првичниот разговор ги дефинираме обемот, одговорностите и понудата.
Meta реклами и содржина за социјални мрежи
Дигиталниот маркетинг треба да ја поврзе вистинската публика со јасна понуда. Webpro нуди Meta реклами, инфографици за социјални мрежи и Reels. Пред изработката ги договараме целта, публиката, пораката, форматите и местото кон кое ќе води кампањата.
Meta рекламни кампањи
За реклами на Facebook и Instagram ги планираме понудата, визуелните материјали и патеката до контакт или нарачка. Во обемот однапред ги разграничуваме продукцијата на содржината, управувањето со кампањата и рекламниот буџет. Резултатите зависат и од понудата, пазарот и буџетот.
Инфографици и Reels
Инфографикот треба брзо да објасни една порака. Reels треба да ја претстават темата во краток видео формат. Заедно ги договараме темите, материјалите што ги доставувате, потребната продукција и бројот на верзии. Не подразбираме секојдневно управување со профили ако тоа не е посебно договорено.
Органско и AI пребарување
Рекламите се различни од органските резултати. За видливост на Google погледнете SEO оптимизација. За јасно претставување на бизнисот во контекст на AI одговори, погледнете оптимизација за AI пребарување (GEO).
Што ни е потребно за понуда?
Испратете линк до веб страницата и профилите, опис на производите или услугите, целната публика и буџетската рамка. Потоа го договараме конкретниот обем и начинот на мерење.
Што сакате
да изградиме?
Опишете ја идејата или проблемот што сакате да го решите. Ќе разговараме за можностите, обемот и следниот чекор.
hi@webpro.mk +389 77 630 555Закажи разговор ↗Разговорот се договара по телефон или е-пошта.